Мицкоски до Ковачевски: Нека избере еден од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ и ќе иницирам лидерска

by fokus

Уставот да се отвори одложено т.е. откако Македонија ќе биде членка на Европската Унија, ова е ставот му го кажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, а се друго е лажење и спинување тврди Мицкоски.

-Кога ќе стане членка на тоа големо семејство, тогаш Бугарите ќе бидат добредојдени во Преамбулата на Уставот… Ако тоа трае три години, што е проблем за Бугарите да почекаат три години да станат дел од нашиот Устав, рече Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.

Во изминатата недела по лидерската средба, рече, „гледаме спинување и извртување на вистината па дури и лажење“ од страна на СДСМ и ДУИ и од помали политички партии дека ВМРО-ДПМНЕ се согласила за уставни измени. Притоа нагласи дека во Парламентот нема 80 пратеници за прифаќање измените.

-Целта е преку ова лажење и наводна промена на ставот, мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие негативна перцепција кај дел од гласачите и ќе го намали потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ и разликата да ја пренесат кај помали политички партии „лешинари“, кои глумат лажни опозиционери, рече Мицкоски кој порача дека велат да во име на процесот, но со одложено дејство.

-Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем јас сум подготвен секогаш да разговарам но нека изберат кој од тие два предлога, бидејќи Ковачевски го слушам вели се прифатил, еве повторно кажувам прашајте го и вие како медиум за тоа кој од двата предлога го прифативте. Дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори на есен па гаранции, рече Мицкоски.

Тој додаде дека кога ќе го слушне тоа, одма истиот ден ќе иницира лидерска или тимска средба.

-Ако ја погледаме вистината во очи ќе дојдеме до заклучок дека тие не може да испорачаат, тие немаат 80 пратеници со конвенционални методи помина една година гледаме дека нема, па малку и повеќе од конвенционални, во некои моменти се поминува и рубиконот но еве да речеме дека е во рамките на конвенционалноста, изјави Мицкоски.

Поврзани новости