401
Одредба на членот 353 од Кривичниот законик ќе ја разгледуваат уставните судии. Како што пренесува ТВ 24, веќе отворен е предмет за тоа.
„Предметот е оформен и доставен до Уставниот суд. Засега не можеме да дадеме подетални информации ниту на чија иницијатива е, но најверојатно ќе се разгледува кога ќе дојде време“ – велат од Уставен суд.