„Уставните промени во Македонија може да траат 3 месеци, но и 2 години“

by Фокус

Дваесет и шест земји-членки на Европската унија имаат свои позиции во однос на официјалниот јазик на Република Северна Македонија, а Бугарија не може да ги обрзе да го прифатат нивниот став, истакна министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

-Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка – изјави Генчовска.

Таа додаде дека при одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на Чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција, а потоа властите во Северна Македонија треба да ја започнат процедурата да се смени Уставот со цел во него да се вклучат и локалните Бугари.

-Дури потоа ќе има втора меѓувладина конференција на која всушност ќе започне преговарачкиот процес, но тоа ќе зависи од властите во Северна Македонија. Може да трае три месеци, како што беше случај кога името на Република Северна Македонија се промени, но може и да продолжи и две години – рече Генчовска.

Поврзани новости