Интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислуваат за европската иднина на државата. Колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо Северна Македонија ќе стигне до ЕУ, додека предвремени избори ќе бидат контрапродуктивни.
Ова го порачаа на денешната заедничка прес-конференција министрите за надворешни работи на на Австрија Александер Шаленберг, на Чешка Јан Липавски и на Словачка Мирослав Влаховски. Тие се во посета на Македонија. во име на на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
„Рани предвремени парламентарни избори би биле контрапродуктивни“, изјави министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Мирослав Влаховски.
Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александер Шаленберг, денешната посета ја оцени како важна, посочувајќи дека имале успешни состаноци со целиот политички спектар во земјава, во Собранието и во Владата.
„Со сите коишто разговаравме, со сите коишто имаат политичка одговорност се сретнавме и тие покажаа дека се проевропски, дека сакаат да ја одржат земјата на патот за целосно членство во ЕУ. Имаме чувство дека сите се свесни за одговорноста дека ова е моментот, ова е посебен момент во развојот на патот кон ЕУ“, изјави Шаленберг.
фото: МИА