„Уставните измени не се единствениот услов за Скопје да продолжи по европскиот пат“ вели шефицата на бугарската дипломатија

by Fokus

Не се само уставните измени што треба да ги направи македонската Влада, вели бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел. Таа нагласи дека нема напредок во исполнување на договореното меѓу Македонија и Бугарија за отворaње на преговорите за членство во ЕУ.

„Уставните измени не се единствениот услов за Скопје да продолжи по европскиот пат, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола“ рече Габриел.

„Ако има тешкотии со уставните измени, каков е напредокот по другите теми? Вистината е дека направивме две технички средби – една во јули во Софија, една во октомври во Скопје – и, за жал, утврдуваме дека по нив нема напредок“, рече Габриел.

Шефицата на бугарската дипломатија порача дека Бугарија изразила многу јасна позиција пред целата Европска Унија и дека заштитата на малцинствата е критериум за почеток на преговорите на исто рамниште со критериумите за административна и судска реформа.

Поврзани новости