Уставните измени на една од наредните владини седници, најави премиерот

by Фокус

Уставните измени се подготвени од страна на работната група и тие ќе се најдат на една од наредните седници на Владата, откако ќе бидат подготвени сите пропратни документи за да бидат испратени до Собранието, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, има време да се донесат уставните измени, бидејќи има период кога ќе се водат разговори. Тој истакнува дека е потребно и опозицијата да учествува во носењето на оваа одлука.

-Од ВМРО-ДПМНЕ се согласија да бидат дел од влада која ќе значи влада на обединување, за да се донесе оваа одлука, да се заврши процесот на уставните измени, да се заврши процесот на скрининг, да се отворат поглавјата и да затвориме барем две поглавја од првиот кластер и потоа да се оди на избори. Сега останува на опозицијата да го кажат ставот од име на партијата, пренесен преку нивниот претседател – рече Ковачевски.

Поврзани новости