425
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека има конкретни сигнали дека некои од пратениците од опозицијата ќе гласаат за уставните измени.
„Ќе ви одговорам конкретно дека има одредени сигнали некои од овие пратеници. Процедурата е отпочната и таа ќе продолжи. Уставните измени ќе бидат доставени пред летото. Во ќор сокак не може да дојдеме зашто еден ден ќе имаме 80 пратеници. Нашите граѓани заслужуваат да живеат во ЕУ“, посочи Ковачевски во „Само интервју“.