Во четврток Уставниот суд ќе расправа за тоа дали полицискиот час, односно завраната за движење во одреден периодот од денот, како мерка за заштита од корона вирусот, е во согласност со Уставот или не.
До судот е поднесена оваа иницијатива која е ставена на дневниот ред за 14 мај.
–Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.
Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, од 6 април 2020 година донесена од Владата на Република Северна Македонија, стои во дневниот ред на Уставниот суд.
На денешната седница пак Уставните судии одлучија да не поведуваат постапка за оценување на уставноста на одлуката на претседателот Стево Пендаровски по втор пат да прогласи вонредна состојба, која се уште трае.