484
Седницата на Уставниот суд, на која треба да се расправа за Законот за помилување, со цел да се врати можноста претседателот на државата да помилува изборен криминал, е веќе започната со оглед дека беше закажана за 9 часот.
Јавноста е исклучена од оваа седница, откако судот одлучи седницата да биде затворена.
Пред Уставниот суд се уште има стотици граѓани организирани од партијата „Гром“ на Стевчо Јакимовски, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, кои уште од вчерашниот ден организираа собир „во одбрана на институциите на државата“.