Уставниот суд одлучи да поведе постапка и да отвори предмет за иницијативата со која се оспоруваат одредбите за правична етничка застапеност во институциите.
Постапката ќе опфати проверка на уставноста на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Уредбата за задолжителни елементи на јавните тендери и Методологијата на планирање на вработувањето во јавниот сектор во согласност со принципот на адекватна и правична застапеност.
Одлуката е донесена по долга расправа меѓу уставните судии, кои имаа различни ставови.
Во дискусиите против се изјаснија тројцата судии Осман Кадриу, Насер Ајдари и Фатмир Скендер, додека другите судии делумно ја оспорија иницијативата велејќи дека на Собранието треба да му се даде простор да најде друг механизам за почитување на уставните норми за правична етничка застапеност.