Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Преспанскиот договор

by Fokus

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на пресконференција по денешната седница на Уставниот суд соопшти дека судот едногласно одлучил да не поведе постапка по инцијативата за Преспанскиот договор.

-Уставниот суд денес едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликите во резулуциите 817 1993 и 848 1993 на Советот на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување Стратешко партнерство меѓу странките. Судот одлучи да ја отфрли за оценување на уставноста на указот со кој е прогласен овој закон и да ја отвфрли иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти  и нивната усогласеност со член три од Законот за склучување и ратификација на меѓународни договори и виенаската конвенција за договорно право, изјави Кацарска.

Таа додаде дека со тоа законот е во согласност со Уставот и појасни дека за носење на оваа одлука била направена сеопфатна поготвителна постапка и анализа.

Со инцијативата за преиспиување на уставноста на овие закони се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот.

-Указот не содржи правни норми и тој е дел од процедурата и кога Уставниот суд укинува или поништува закон Указот не се укинува посебно , изјави Кацарска.

Таа објасни дека во расправата за оваа инцијатива поголем дел од дискусијата се водеше за непотпишување на Указот од страна на претседателот на Републиката поред неговата должност.

-Во духот на Уставот волјата на пратенците се персонифицира во духот со волјата на граѓаните наспроти само на еден човек. Бидејќи системот на владеење на власта во нашата држава е парламентарна демократија, а не монархија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните и Уставот и законите важат подеднаково за сите па дури и за претседателот на Републиката, изјави Кацарска

Поврзани новости