Уставниот суд не поведе постапка за предметите за „Бехтел и Енка“

by Fokus

Уставниот суд ја отфрли иницијативата со која се бараше испитување на уставноста на дел од Законот за изградба на автопатиштата долж коридорите 8 и 10д со кој на конзорциумот Бехтел и Енка му се дозволува да започне со експлоатација на минерални суровини само со поднесување на барање за доделување на концесија од страна на државата која е инвеститорот во овој проект. Судот не поведе постапка ниту за предметот на Хелсиншки комитет.

– Не се поведува постапка за член 10 став 4 во делот „со исклучок на тоа дека на Стратешкиот партнер ќе му биде дозволено да започне со истражување и експлоатација на минерални суровини за целите на Проектот штом барањето за доделување на концесија за истражување и експлоатација е поднесено од страна на Инвеститорот” од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, информираат од Уставниот суд.

Предметот У.бр.138/2023 за Законот за урбанистичко планирање е повлечен од денешната седница поради, како што велат од Судот, доработка на рефератот и испитување на дополнителни околности. Предметот ќе биде ставен на дневен ред на некоја од наредните седници.

Поврзани новости