323
Политичката партија Демократски сојуз соопшти дека Уставниот суд утре ќе ја разгледува иницијативата на нивниот претседател Павле Трајанов за Изборниот законик. Според Трајанов со Изборниот законик се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар.
„Со иницијативата се бара укинување на законски решенија со кои на две партии од власта и две партии од опозицијата им се обезбедува 90% од медиумскиот простор, финансирање на изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти“, соопшти Демократскиот сојуз.
Според Трајанов со овој закон се загризува политичкиот плурализам, што е спротивно на Уставот и на демократските правила за демократски и фер избори.