Уставен суд во среда ќе одлучува дали ќе има постапка за Собранието

by Fokus

Во среда по седницата на Уставниот суд, ќе имаме работен состанок на кој судиите ќе заземе став дали да ја прифатиме иницијативата и под службена должност да поведеме постапка за распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите, изјави  претседателот на Уставниот суд Сали Мурати за ТВ 24.

Мурати не сакаше да прејудицира каква ќе биде одлуката, вели дека дали ќе се поведе постапка, ќе зависи од мнозинството судии.

-Ќе разговараме и анализираме и на крајот ќе гласаме, вели Мурати.

Поврзани новости