Уставниот суд поведе постапка и оформи предмети по сопствена иницијатива за работата на 14 општини.
Од Уставен информираат дека судот се сомнева оти 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите што ги донесуваат.
„Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај“, се вели во соопштението од Уставниот суд.
Од таму додаваат дека ќе се оценува законитоста и уставноста на општинските акти. Но, исто така, додаваат оттаму, судот донел одлука и да се запре извршувањето на поединечните акти или дејствија кои произлегуваат од спорните одредби во Деловниците за работа во општините, а се однесуваат на автентично толкување.
„Судот во изминатиот период оформи 72 предмета по сопствена иницијатива, кои содржат автентично толкување на различни општини и веќе постапува по нив“, вечат од Уставен суд.
Општините за кои Уставен има оформено предмети се Куманово, Кривогаштани, Свети Николе, Кочани, Демир Хисар, Босилово, Дојран, Чучер Сандево, Радовиш, Чешиново-Облешево, Демир Капија, Ѓорче Петров, Пробиштип, Пехчево.