Уставен суд одлучува за законот за банки

by Fokus

Предвидено е Уставниот суд денеска повторно да одлучува за законот за банки по иницијативата поднесена на членот 163, став 3, според кој побарувањата Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители.

Иницијативата е поднесена од оштетените штедачи на Еуростандард Банка. Со неа се спори законската одредба според која Фондот има предност прв да ги наплати побарувањата од пропаднатата банка, бидејќи потоа ги обештетува сите штедни влогови до 30 илјади евра.

 

Поврзани новости