Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на прогласувањето на првата вонредна состојба од 18 –ти март, од страна на претседателот Стево Пендаровски. Шестмина судии сметаат дека, иницијативата е беспредметна затоа што таа вонредна состојба е веќе завршена.
По седницата, ќе заседава и стручниот колегиум, кој ќе треба да одлучи дали ќе се расправа за иницијативата на судијата Осман Кадриу, да се преиспита одлуката на судот, да не се оценува уставноста на самораспуштањето на Собранието.
Уставниот суд пред неколку недели донесе одлука дека нема основа за проценка на уставноста на одлуката за распуштање, но сега ситуацијата се смени, бидејќи не беа одржани изборите на 12 април. Доколку колегиумот донесе одлука да се формира случај за проценка на законитоста и уставноста на , биова решение, ќе биде назначен судија известител и за тоа ќе мора да се расправа на седница на Уставниот суд, во најбрз можен рок.