За 5 јули оваа година е закажана седница на Уставниот суд на која ќе се најде предметот во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги.
Како што информираа од Судот, за предметот што тие го оформија по сопствена иницијатива поради сомнеж за неуставност, иницијатива поднела и политичка партија „Левица”.
– Ве информираме дека во меѓувреме за истото Упатство поднесена е инцијатива од страна на политичка партија „Левица”. Уставниот суд ги проверува наводите, соопштуваат оттаму.
На 26-тата седница во 9:30 часот се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, иницијатива за оценување на уставност на програма и статут на здружение на граѓани и барање за заштита на слободи и права.