Уставен суд го отфрли барањето на Панчевски, немало правосилен акт

by Fokus

Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основен Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки.

Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови се уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање.

- Advertisements -

Подносител Панчевски, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување

Поврзани новости