Една од иницијативите на денешната седница на Уставниот суд е оценка на уставноста за одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2.
Исто така во рамки на оваа иницијатива е и одлуката за примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест COVID-19 и сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Останатите две иницијатива кои се најавени дека денеска ќе бидат разгледани од уставните судии се од делот на Законот за данок на личен доход и за исплата на регрес на комунално претпријатие во Делчево, а третата се однесува на екологија и е поднесена од еколошката групација „Грин Пауер” од Велес, Движење за социјална правда „Ленка” од Скопје и политичка партија „Левица” од Скопје.