Уставен одлучува по иницијативите за одлуката за референдумот

by Fokus

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција кој треба да се одржи на 30 септември.

Иницијативи поднесоа партијата „Левица“ и  Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефередум и времено да бидат стопирани активноситите поврзани со референдумот.

Подносителите сметаат дека одлука за референдумот не е во согласност со Уставот, Законот за референдум и, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

Поврзани новости