Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на претседател на Собранието и за првиот заменик претседател на Владата.
– Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја отфрли иницијативата со која беше оспорена одлуката за избор на претседател на Собранието до 2 мај 2017 година, бидејќи таа одлука нема карактер на пропис, туку со неа се врши конкретен избор. Членот 110 од Уставот јасно утврдува дека Уставниот суд одлучува за согласност на законите со Уставот и согласност на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите, инфоримира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.
Судот одлучи и да не поведе постапка за членови од Деловникот на Владата што се однесуваат на прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите, бидејќи се смета дека ваквиот начин произлегува од одредбите на Законот за Влада, а во случајот тоа се разработува и со Деловникот на Владата.