132
Уставниот суд досега нема добиено иницијатива за укинување на партијата „Десна“ на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за органзиирањето и убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска вчера во интервју за телевизија 24 кажа дека за регистрација и бришење на партиите надележен е граѓанскиот суд.
-Уставниот суд има надлежност да постапува за политички партии, но само во делот на нивните програми и статутот, во смисла дали се во согласност со Уставот, околу регистрација и бришење на партии надлежен е граѓанскиот суд. До денеска ние немаме добиено таква иницијатива, изјави Кацарска.