Графата за етничката припадност во изводите на родини/умрени и венчаните времено нема да важи, бидејќи, Уставниот суд донесе одлука со која привремено го стави надвор од употреба воведувањето на етничката припадност.
Одлуката е донесена со 5 гласа „за“ и 2 „против“, а тоа значи дека до донесување на правосилна одлука матичните книги нема да можат да издаваат изводи со етничка припадност.
На денешната седница одлучено е да се донесе и т.н времена мерка, односно решение со кое се запира извршувањето на Упатството за обрасците кои веќе се во примена, односно само на изводите од матичната книга за родените, со оглед дека останатите обрасци се со одложена примена од први јануари 2024 година.
Уставниот суд денеска оцени дека со донесувањето на Упатството од страна на министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за 7 дена.
Важно е да се потенцира значењето на овој основ, бидејќи Уставот не приоѓа на роковите како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права, со оглед дека е сместено токму во тој дел од Уставот.
Лога не се откажува од одлуката бидејќи вели дека не е во спротивност со Законот за матична евиденција и побара Уставен што побрзо да донесе одлука за упатството, за да уште еднаш ја почне постапката од почеток.
Според него, Уставен ја отворил Пандорината кутија, бидејќи многу институции не го почитувале уставниот рок за објавување на одлуки во Службен весник.