Уставен го одби Панчевски кој се жалел дека бил политичка жртва

by fokus

Уставнииот суд му ги одбил барањата на поранешниот претседател на Кривичниот судија, Владимир Панчевски, сега е разрешен судија и осуден за рачно делење на судски предмети, кој се жалел пред судот дека му се повредени слободата и јавното изразување на мислата и дека бил разрешен и осуден бидејќи јавно на својот Фејсбук профил ја критикувал власта предводена од СДСМ.

-Сосема е кристално јасно дека Подносителот е разрешен од политички причини, со цел јавно да биде дискредитиран како личност, но да бидат дискредитирани и неговите јавно искажани мислења и ставови против актуелната власт.

Она што дава „дополнителна тежина“ во случајот на Предлагачот е што Претседателот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно го има предложено и посочено Предлагачот Вла димир Панчевски за главен обвинител на новото Специјално обвинителство нарекувајќи го човек кој има репутација и кредибилитет и кој бил биран со години како најдобар во судската фела , се вели во дел од барањето на Панчевски кој се жали дека незаконски бил разрешен од Судскиот совет, но и дека Врховен незаконски ја потврдил одлуката за негово разрешување.

Сепак Уставниот суд ги одбива неговите барања и констатира дека е недозволливо судија да ги коментира јавно актуелните политички теми.

-Во конкретниот случај, бавењето на Панчевски со правниот третман на т.н.„бомби“ (поврзани со неовластеното следење на комуникациите од 2008-2015 година) во периодот на донесувањето (или пред применувањето) на посебен закон со кој се уредуваше таа материја во 2015 година, преку медиумите и кога беше претседател на суд, не може да се смета за однесување соодветно на ограничувањето пропишано за судиите и претседателите на судовите.

Несоодветно на наведените законски и уставни одредби е и бавењето на Панчевски со ‘т.н.промена на името, или со состојбата во судството и во Академијата Стр. 58 – Бр. 292 24 декември 2021 на судии и јавни обвинители, преку медиумите и кога беше судија во Основниот суд Скопје I во Скопје по истекот на мандатот како претседател на тој суд, бидејќи излегувал од рамките на надлежноста на судиската функција истовремено влијаејќи негативно во јавноста во врска со зачувувањето на авторитетот и непристрас носта на судството, се вели во дел од образложението на судот.

Уставен констатира дека Судскиот совет правилно ја утврдил фактичката состојба и дека било констатирано дека наместо електронски, судските предмети биле делени со усна наредба. Одлуката била донесена со мнозинство гласови.

Куриозитет во овој случај е тоа што сегашната претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска беше професионално деградирана додека Панчевски беше претседател на Кривичниот суд.

Панчевски е осуден на три години и шест месеци затвор за злоупотребата на АКМИС системот.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости