748
Борачката Мила Рељиќ демонстрираше одлична форма на Меѓународниот таеквондо турнир „Тирана опен“ во Албанија.
Таа на ова натпреварување го освои златниот медал во категоријата до 57 килограми, а воедно е прогласена и за најдобар борец кај сениорките.
Рељиќ славеше со три технички нокаути 22-2, 28-3 и во финалето 21-1. Инаку ТК Тигри на овој турнир освои уште два сребрени и еден бронзен медал, односно вкупно пет медали.