Успешно заврши меѓународниот турнир во пинг понг Зегин опен 2024

by Fokus

Изминатиот викенд Берово 3 дена живееше во духот на спортот и музиката. Успешно заврши третиот меѓународен турнир во пинг понг Зегин Опен 2024 година.

И оваа година сите учесници на турнирот си заминаа со прекрасни спомени и одлични впечатоци од организацијата и дочекот од страна на домаќинот и организатор на овој голем меѓународен настан- компанијата Зегин.

Дека од година во година овој настан зема помасовни размери докажува и фактот што оваа година Зегин Опен беше домаќин на 11 земји учеснички. Покрај Македонија, учество земаа и Аргентина, Косово, Бугарија, Киргистан, Србија, Турција, Украина, Грција, Германија, Хрватска и Белорусија.

Натпреварите се одржуваа во повеќе категории и тоа:
Ветерани- од 40-49 години
Ветерани- од 50-59 години
Ветерани- од 60-69 години
Ветерани- 70+
Сениори- апсолутна категорија
И за младите категории 13, 15 и 19 години

Хрватите Јосип Хузјак и Ивана Милобабиќ се победници во сениорска конкуренција. Милобабиќ на турнирот во Берово доаѓа по неодамнешното учество на Олимписките игри во Париз и е една од најеминентните пингпонгарски имиња кои настапиле на Зегин Опен.

Турнирот беше инспирација и за претставникот на Киргистан, Сапарбаев кој помина 6000 километри со својот автомобил за да учествува на меѓународниот настан.

Оваа спортска манифестација дополнително беше збогатена со музичка програма. Во саботата на плоштадот во Берово групата Некст Тајм за сите Беровчани и учесници во турнирот одржа концерт во чест на Зегин Опен.

Зегин Опен е настан кој се одржува еднаш годишно, но за него се зборува цела година!

ПР

Поврзани новости