Успешно оперирана Менче: Конечно ги направив првите чекорчиња, ви благодарам драги луѓенца!

by fokus

Апелот кој го испрати скопјанката Менче Трповска пред еден месец за операција на нејзиниот лев колк, дојде до својот успешен епилог.

Вчера и беше направена операција во соседна Србија, а Трповска не го криеше задоволството и среќата што конечно ќе може нормално да чекори.

„После четиричасовна операција и после малку одмор ги направив првите  чекорчиња со оперираната нога. Чувството е прекрасно и сум среќна што ќе можам нормално да се движам. Др. Црнобариќ ја заврши операцијата најдобро што можеше и дефинитивно сум во најсигурните раце. Но, никако не можам да заборавам и да ви изразам најголема благодарност на оние кои ми го овозможија ова, ми ја овозможија оваа операција која ми беше многу потребна. Ви благодарам уште еднаш на големата поддршка од сите вас, драги луѓенца“, ни изјави Менче.

Таа најдоцна утре ќе биде пуштена од болницата, а целиот рехабилитациски процес би требало да трае неколку месеци, кога и Менче ќе заборави на своите патерици.

Ј.Ц.

 

Поврзани новости