331
Управата за јавни приходи соопшти дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги.
„Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ.
По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира. Апелираме до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин“ се вели во соопштението на УЈП.