Условни затворски казни за нотарката Пулејкова и адвокатите Моцан и Смичковски

by lali

Основниот суд Скопје 1 ја објави пресудата за нотарката Зорица Пулејкова, инаку претседателка на нотарската комора и за адвокатите Антон Моцан и Кирил Смичковски. Тие се прогласени за виновни дека ја злоупотребиле службената положба и се осудени на условни затворски казни. Ако во наредните три години го повторат делото една година да минат во затвор.

Адвокатите, според пресудата приложиле фалсификувани документи кај нотарката, а таа ги заверила. Но она што е поголемо во случајот е дека сега бизнисменот од Шведска, Лазар Гацов, ќе може да ја врати сопственоста врз магацински простор кој во моментов го користи фирмата „Шмеки Фатмир“. Секако, откако пресудата за нотарката и адвокатите стане правосилна, а не апелација да ја врати назад како претходните два пати.

Каква е поврзаноста на случаите? Неделникот Фокус пред два месеца објави сторија дека Гацов бил изманипулиран со фалсификувани документи за еден голем и вреден магацин преземен од „Македонија дрво“, односно наместо тој сопственоста ја презел извесен бизнисмен од Скопје, Фатмир Саити. Но за да може случајот да заврши така, адвокатите на Саити, Смичковски и Моцан поднеле неверодостојни документи кај нотарката, а таа пак ги заверила.

Сега, ако пресудата остане ваква, дека нотарката и адвокатите направиле кривично дело, тогаш значи дека магацинскиот простор треба да му припадне на Гацов.

 

Поврзани новости