– Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку не го повтори делото во рок од една година по правосилноста на ова дело, се вели во соопштението од ЗНМ.
Лицето Сашо Митев на Фејсбук страната на ЗНМ на 28 јули 2021 година напишал вулгарен коментар со омраза. ЗНМ за овој коментар на 16 август 2021 година поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат па компјутерски систем и за предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
-Во барањето за кривично постапување од ЗНМ се аргументира фактот дека ваквите коментари претставуваат кривично дело, но и дополнително се укажува дека преку нивна евентуалната неказнивост се отвора простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите што може да резултира и со насилство, се наведува во соопштението од ЗНМ.