Условите за влез во Грција продолжени до 31 мај

by fokus

Правилата за влез во Грција воведени минатата седмица се продолжени до 31 мај, согласно новата министерска одлука што вчера стапи во сила.

За патување во Грција задолжителен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест или пак потврда за прележан ковид-19.

За разлика од пред една недела, сега грчките власти признаваат и тест за антитела, но документот мора да биде на англиски, германски, француски или италијански јазик.

Кон Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно 6 до 22 часот по македонско време.

Најголемиот дел од патниците кои вчера се упатија кон Грција беа македонски и српски државјани.

Речиси сите кои доаѓаат од Србија имаат документ за примени две дози вакцини, додека поголемиот дел од македонските граѓани границата ја минуваат со негативен ПЦР тест.

Оние што влегуваат вакцинирани, треба да имаат поминати 14 дена од втората доза.

Поврзани новости