На 7 февруари ќе се спроведе спогодување за висината на цената која Цементарница УСЈЕ ќе ја плати како казна за загадување на амбиенталниот воздух. Висината на казната може да изнесува до 180.000 до 200.000 евра, а предвидена е и казна за управителот од 10.000 евра.
Казната УСЈЕ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот инспекторат за животна средина. Компанијата по интервенцијата на ДИЖС веднаш премина на греење од мазут на гас, постапувајќи по решението на Инспекторатот, од каде за МИА велат дека во ваквите случаи според закон е предвидена прекршочна пријава, која доколку субјектот не ја испочитува се преминува кон кривична и кон постапка за одземање на дозволата.
Инспектори од Град Скопје и од ДИЖС направија вонредни контроли во УСЈЕ при што утврдиле големо надминување на прагот на ПМ честичките кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух, за што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, пак, поднесе кривична пријава.