Уште три медицински сестри од ГОБ „8 Септември“ се заразени со корона вирусот

by fokus

Уште три медицински сестри кои што работат во ГОБ „8 Септември“ се заразени со корона вирусот, потврдува директорот Христијан Костов за „Фокус“.

На почетокот на месецот во оваа болница беа регистрирани десет заразени здравствени работници, за кои постоеше сомнеж дека се заразиле надвор, иако оваа болница е претворена во ковид центар. Сега вкупниот број на заразени е околу дваесетина.

Поради намалениот број на персонал, шеснаесет медицински сестри и пет лекари специјалисти за интерна медицина од внатрешноста дојдоа на испомош на медицинскиот персонал.

Поврзани новости