Уште три докторки од Пулмологија позитивни на корона вирусот

by Fokus

Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирусот. Две од нив досега немале симптоми, додека една докторка имала гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени, досега вкупно седум здравствени работници од оваа клиника се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на установата, Дејан Докиќ.

Тој вели дека докторките од 30 март се во домашна изолација, а вчера им било направено тестирање кое покажало дека се позитивни.

„На 21 април ќе им биде направено уште едно тестирање. Првозаразената наша вработена е медицинска сестра од Куманово, која со вирусот се заразила во местото каде живее. Најверојатно дека докторките и другите медицински лица меѓусебно се инфицирале, можеби додека јаделе заедно во кујната“, рече доктор Докиќ.

Поврзани новости