Уште се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанско езеро

by Fokus

Полицијата сè уште трага по шеснаесетгодишното момче од Ресен, кое вчера доцна попладне исчезна во водите на Преспанското езеро, во туристичката населба Претор. Од полициската станица – Ресен за „360 степени“ велат дека момчето не е најдено и дека повеќе детали за случајот не можат да соопштат во моментов.

Исчезнувањето до полициската станица Ресен го пријавиле од Итната медицинска помош вчера, околу 18 часот.

Како што објавивме вчера, нуркачи трагаат по телото на тинејџерот, кој се претпоставува дека се удавил откако се превртела педалинка.

Поврзани новости