Уште се анализира патот Тетово-Призрен

by fokus

Патот Тетово – Призрен е интерес е на двете држави, рече министерот Благој Бочварски, оценувајќи дека темелната соработка со Косово ќе резултира со изградба на оваа патна делница која е дел од владината програма за капитални инвестиции.

Тој, одговорајќи на новинарско прашање зошто повеќе години трае процедурата за изработка на документација, посочи дека за реализација на еден таков крупен проект е потребна добра анализа,

-Потребна е добра физибилити студија, идејни проекти, избор на најповолна траса, кога зборувам најповолна тоа значи најпогодна и финансиски оправдана и на крајот завршување на проектна документација, изнаоѓање на финансиски средства и потоа распишување на повик. Секако во овој случај имаме уште еден тип на координација, а тоа бидејќи се работи за пат кој што поврзува две држави, да се работи паралелно и заеднички кој што ќе даде развој на целиот регион, рече Бочварски.

За реализација на вакви проекти, додаде Бочварски, добрата и темелна анализа и други постапки се важни за да нема проблеми при реализација на терен, со оглед на планинскиот предел каде што ќе треба да се работи.

Поврзани новости