77
Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати потврдија дека се приклучуваат на блокот БРИКС откако беа поканети минатата година, изјави денеска јужноафриканскиот министер за надворешни работи Наледи Пандор.
Петте земји беа поканети заедно со Аргентина на самитот во Јоханесбург во август за да се приклучат на блокот Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Членовите велат дека овој потег ќе помогне да се преобликува светскиот поредок што тие го сметаат за застарен.
Аргентина официјално ја одби поканата за членство во БРИКС.