789
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 159 заразени со корона вирусот, но и пет смртни случаи на пациенти кои ја изгубија битката со Ковид-19.
-Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (61г), двајца пациенти од Дебар (43 и 86г), пациент од Кичево (62г) и пациент од Демир Хисар (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на починати се искачи на 590.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-42, Штип-49, Прилеп-3, Тетово-10, Струга-2, Битола-4, Охрид-1, Гостивар-45, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-6, Македонски Брод -3, Свети Николе-1, Кичево-2.