Жестока кавга меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и претседателот на Собранието Талат Џафери во Собранието откако Мицевски побара да се закаже седницата за усвојување на петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството поради кризата со Ковид 19 откако вчера поминаа на комисиска расправа.
Но за претседателот на Собранието Талат Џафери не биле исполнети деловничките услови и објаснува дека не може да закаже седница додека не добие известување од службите за завршена комисиска расправа.
Законите од петтиот пакет мерки се во Собраниска процедура уште од февруари, но поради големиот број амандмани од Алијанса за Албанците Алтернатива, останаа заглавени во Собранието. Деновиве прво ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за државјанство, по што тоа го направи и Алијанса Алтернатива, но гласање се уште нема.