По три одложувања во Кривичниот суд за денеска беше закажано ново рочиште за случајот „Поткуп“ во којшто обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според информациите на Телма пред малку и ова рочиште е одложено бидејќи ниту еден од двајцата адвокати на Заев не се појави во судот, иако самиот Заев е присутен во судницата.
Предходните две одлагања беа поради службени патувања на Заев и еднаш поради неприсуство на неговите адвокати. Случајот го одолговлече и аболицијата на претседателот, Ѓорге Иванов на чиј список на помилувани се најде и Заев.
Судија во овој случај е Дијана Груевска- Илиевска која неодамна беше назначена за заменик на претседателот на Кривичниот суд. Иако претходно Специјалното јавно обвинителство го побара овој предмет- јавното обвинителство не им го предаде.