384
Еден 45-годишен маж беше спасен од урнатините во турската провинција Хатај денеска, повеќе од 278 часа по првичниот потрес што ги погоди јужните провинции во земјата.
Хакан Јасиноглу беше пронајден од тимовите за пребарување и спасување жив под урнатините во областа Дефне, во уште едно чудесно спасување 11 дена по двојниот земјотрес што го потресе регионот.
Веднаш бил пренесен во најблиската болница.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени на 6 февруари во јужна Турција погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 провинции.
Досега во Турција загинаа над 38.000 луѓе, десетици илјади се повредени, а повеќе од 13 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.