Уште една жртва на скопските улици: Мерцедес прегази девојче

by fokus

Малолетно девојче вчера загина, откако во него удрил автомобил на улицата „Метхоиска“ во Скопје.

-На 30.06.2023 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала. Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известија од МВР.

Поврзани новости