Уште една жртва на семејно насилство додека државата промовира мерки за нивна заштита

by fokus

Во скопското село Горњани вчера се случи уште еден инцидент на семејно насилство каде маж во алкохолизиранa состојба физички ги нападнал својата сопруга и својот син. Настанот го пријавила сопругата откако таткото на фамилијата ја уништил покуќнината и ги бркал од дома.

Својот бес го истурил и на возило марка „нисан“ во сопственост на трето лице. Од тоа што паѓал по дворот, пијаниот З.П. се здобил и со тешки повреди по телото поради што од екипа на Итна медицинкса помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Инаку, според статистиките секоја трета жена е жртва на семејно или сексуално насилство. Во Македонија има пет шелтер центри, не недоволно опремени и екипирани.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера најавија дека ќе се отвора Центар за жртви од семејно насилство на тајна локација. На ова место на жртвите треба да им биде овозможена психосоцијална поддршка и помош во нивна ресоцијализација.

Поврзани новости