Алжирската боксерка Имане Келиф предизвика многу контроверзии со својот настап на Олимписките игри. Таа не го положи родовиот тест на ИБА, но и беше дозволено да се натпреварува во женска конкуренција на Олимпијадата.
Алжирката со вишок тестостерон лесно се справува со своите ривалки, но не е единствената.
На Олимпијадата настапува и тајванската боксерка Лин Ју-тинг (28). Исто како и Алжирката, така и боксерката од Тајван не го положи половиот тест ИБА и беше спречена да настапи на Светското првенство. Но, Олимпискиот комитет и дозволи да се натпреварува во женска конкуренција до 57 килограми.
Тајванската тенисерка денеска во три рунди на поени ја победи Узбекистанката – Ситора Турдибекова (22), која по мечот не сакаше да се ракува со неа.
Узбекистанката во солзи ја напушти салата, не сакаше ниту да даде изјава за медиумите.
Контроверзите околу регуларноста на натпреварите во бокс за жени настанаа откако Италијанката Ангела Карини се повлече од борбата со споменатата Алжирка по 46 секунди.
„Морав да си го спасам животот“, изјави Карини.