563
За време на одржување на ненајавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи пред неколку дена, А.Ф. заедно со веќе приведениот Ј.С., кој со кривичната пријава издржува и мерка притвор, започнал да подготвува „молотови коктели” и да фрла со нив кон полициските службеници и кон објектот на Собранието, информира МВР.
По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, А.Ф. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него, велат од полицијата.
Во координација со ОЈО Скопје, тој е изнесен пред Јавен обвинител за понатамошна постапка.