Уште еден Србин уапсен на Косово

by Fokus

Во Грачаница денеска специјалните сили на косовската полиција го уапсија Србинот Драгиша Миленковиќ (51), потврдија за Косово онлајн членовите на неговото семејство.

Миленковиќ, кој беше уапсен денеска, нешто по 10 часот, како што потврдија од семејството, е обвинет за наводни воени злосторства.

Во апсењето учествувале припадници на Специјалната единица за криминал на косовската полиција.

Како што потврдиле соседите, го прашале кој од неговите синови служел во војската на Србија.

Во семејната куќа пристигнала екипа за итна помош. На сопругата на уапсениот и се слошило, и даваат помош.

Во куќата е извршен претрес на оружје.

Уапсениот Миленковиќ е татко на три деца.

 

Поврзани новости