Уште еден силен удар за руските универзитети

by Fokus

Руските универзитети се исклучени од Болоњскиот процес, информираше заменик министерот за наука и високо образование, Дмитриј Афанасјев.

Болоњската група на 11 април соопшти за укинување на застапеноста на Русија и на Белорусија во сите поврзани структури, појасни Афанасјев, јавија руски медиуми.

– Со оглед на тоа што нашите ректори, раководители на образовни институции го потпишаа обраќањето на Рускиот сојуз на ректори за поддршка на претседателот во врска со специјалната воена операција, всушност со тоа, сите образовни организации во земјата се исклучени од Болоњскиот процес. Јас би рекол дека Болоњскиот систем нè напушти нас, а не ние него, изјави заменик министерот.

Како што тој додаде, воведувањето основни и мастер програми, не го подобри нивото на компетентност на студентите.

Поврзани новости