Уште еден републиканец се откажа од кандидатурата за претседател на САД: „Честитки за Трамп“

by Fokus
Foto: EPA

Поранешниот гувернер на Арканзас Аса Хачинсон денеска соопшти дека се откажал од кандидатурата за претседателска номинација на Републиканската партија, откако за него гласале 191 гласач (0,2 отсто) на синоќешните внатрепартиски избори во Ајова.

„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа во Ајова и на другите кандидати кои се натпреваруваа и ја добија поддршката од делегатите“, рече Хачинсон.

Тој додаде дека ја завршува кампањата за претседател на САД и се враќа во родниот Арканзас.

„Мојата порака дека сум принципиелен републиканец со искуство во кажувањето на вистината за сегашниот лидер не успеа во Ајова“, рече Хачинсон.

Во американската сојузна држава Ајова синоќа се одржаа првите внатрепартиски избори за претседателски кандидат на Републиканската партија, на кои за Трамп гласале повеќе од 50 отсто од гласачите, додека второпласираниот Рон Десантис добил поддршка од 21,2 отсто на републиканците, а Ники Хејли околу 19 отсто.

Поврзани новости