Со четири гласа „за“ и шест „против“, Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот Тодор Витларов да биде судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Комисијата денеска ја ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Членовите на комисијата во средата расправаа за предлогот Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, да биде уставен судија.
Пратениците досега дадоа поддршка за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, кои како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.
Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега, покрај Витларов, одбиена е и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.